Уште една бајковита божиќна кампања на Tiffany & Co

10 ноември 2014

Tiffany & Co се единствени не само по нивните небесно сини кутии со бели панделки и блескавиот накит, туку и по неверојатните празнични кампањи што целиот свет, секоја година ги очекува со нетрпение.

Нивните новогодишни кампањи се секогаш совршено гламурозни и бајковити, со внимателно одбрани заштитни лица и магична сценографија.

За претстојната празнична сезона, луксузниот бренд создаде вистинска новогодишна ода за градот Њујорк. Овие денови се појавија и првите најавни фотографии за кампањата на компанијата во која овој пат главната улога ја има манекенката Валерија Гарсија, а истата е фотографирана од Тим Гат.

На една од фотографиите, можеме да ја видиме Валерија како изгледува од продавницата на брендот во Њујорк, додека такси – колата ја чека преполнета со познатите сини кутии. Во друга сцена пак, таа го украсува новогодишното дрво под кое, сосема нормално, има безброј подароци завиткани во сините кутии.

Tiffany & Co е еден од брендовите во кои најмногу се продаваат подароци за време на новогодишните празници, бидејќи никој не може да ѝ одолее на шармантната сина кутија со бела панделка во која секогаш се крие нешто вредно и уникатно.

Кампања 2011 година Кампања 2011 година

Иконскиот американски бренд датира од 1837 – та година. Компанијата, која е најпозната по спектакуларниот накит што го произведува, секоја година воодушевува и со магичните излози што ја разубавуваат и онака прекрасната Петта Авенија.

„Празничната сезона е особено важен период во нашата компанија. Токму тогаш се случува целата магија која што е најважна за овие празници. Ние секоја година се обидуваме да направиме вистинска приказна од нашите излози и секако, од нашите кампањи“, вели Ричард Мур, заменик претседател на одделот за креативна и визуелна продажба на брендот.

Секоја измината година, тие на особен начин се обидуваа да внесат магија во секој дом преку нивните празнични кампањи и да ни покажат дека на крајот, љубовта и семејството се она најзначајното.

А кога на најзначајните работи ќе им додадете подарок во сина кутија, тогаш тие се еднакви на совршенство!

Објавено:
10 ноември 2014
Категорија: 
Актуел