Вака изгледа авион полн со ангели!

1 декември 2014

Конечно, утре (02.12) ќе се случи долгоочекуваното празнично шоу на Викторија Сикрет, за кое ангелите се подготвуваат во текот на целата година.

За прв пат во историјата на брендот, нивното модно шоу ќе се случи во Лондон, а вкупно 40 модели со приватен авион веќе заминаа во престолнината на Велика Британија.

Она што беше вистински спектакуларно е токму нивниот приватен авион, во кој прекрасните девојки можеа да уживаат во безбројните благодети што им ги носи нивниот статус на ангели.

Секоја од нив изгледаше навистина гламурозно во сосема лежерни комбинации, со сјајна кожа и без многу шминка како најава за раскошот што не очекува утре.

Големата модна ревија на Викторија Сикрет ќе се случи во спектакуларната Earl’s Court арена во Лондон, а остатокот од светот ревијата ќе може да ја види веќе на деветти овој месец.

Според информациите на The Sun, секоја од девојките била на специјална диета недели пред шоуто за да изгледа спектакуларно како и секогаш.

Диетата продолжува и во нивниот хотел во Лондон, каде на нивното мени се ставени порции со не повеќе од 500 калории. Сѐ додека не се случи шоуто, забранети им се забави и излегувања до доцна во ноќта.

Тамошниот фитнес центар за време на нивниот престој ќе биде отворен 24 часа сѐ со цел да им се овозможи непречено подготвување за шоуто.

Со ваквите ригорозни подготовки, повеќе од очигледно е дека токму утре нѐ очекува раскошно и спектакуларно модно шоу со многу музика, забава и прекрасни ангели.

Доколку утре по некоја случајност, не се најдете во Лондон, тогаш ни останува да го чекаме 9 – ти Декември за вистинско уживање.

Објавено:
1 декември 2014
Категорија: 
Актуел