Веб страницата на Елена Лука меѓу трите најдобри во категoријата бизнис/корпоратива

10 декември 2013

Модната куќа Елена Лука беше номинирана во категоријата најдобар бизнис/корпоративен сајт и го освои третото место што е само уште еден доказ дека напорната работа резултира со успех, а и дека се следат светските модни трендови на онлајн продажба. По тој повод, Горан Димитровски, претставник на маркетинг тимот на Елена Лука изјави: Благодарност до организаторите за доделената награда. Нашиот сајт www.elenaluka.mk со нов дизајн и приказ на содржините го обновивме со повод. Славиме 5 години постоење и успешна модна приказна. Нашата секојдневна комуникација со клиентите и следбениците на нашиот моден стил, преку нашата веб страница и социјалните мрежи, ја надградивме со интерактивен сајт и со е-продавница - единствен спој на македонскиот интернет простор во сегментот на пазарот каде сме позиционирани. Покрај информациите за новитетите, колекциите, новите модели, секој може да го исконтактира нашиот тим дизајнери на различен начин, да закаже термин за консултации, да се пријави за добивање на е-информатор од нашата модна куќа, да избере и купи парче уникатен модел. Ја употребивме нашата креативност, следејќи ги трендовите на светски познатите модни брендови.

Веб страницата на модната куќа  е единствениот кој разработува модна тематика, а сепак влезе во финалните три најдобри сајтови. Покрај Елена Лука, за најдобар бизнис/корпоративен сајт, второто место го освои т- мобиле.мк, а првото вип.мк. Во останатите категории победници се:

Најдобар блог – карас4тренинг

Најдобар спортски сајт – екипа.мк

Најдобар сајт за невладини организации- моф.мк

Најдобар сајт за образование – сакамкниги.мк

Најдобар сајт за државни институции – ујп.гов.мк

Најдобар мобилен сајт – м.кајгана.ком

Најдобар бизнис информативен сајт – вработување.ком.мк

Најдобар сајт за е – трговија – групер.мк

Најдобар забавен сајт – офф.нет.мк

Најдобар информативен сајт – новатв.мк

Најдобар најиновативен сајт – бидитаму.мк

Најпопуларен сајт – факултети.мк

Најдобар сајт според дизајн – централа.мк

Најдобар сајт на 2013 според жири и гласови – република.мк

Објавено:
10 декември 2013
Категорија: 
Актуел