Велигденска детска работилница во Македонско село

7 април 2017

Претстојниот викенд на 8 – ми и 9 – ти април во комплекс Македонско село ќе се одржи креативна детска работилница на која се добредојдени сите мали креативци.

Станува збор за супер интересна работилница на која најмалите ќе можат да изработуваат пролетни ракотворби, велигденски декорации и да го обојат најголемото, џиновско велигденско јајце.

Работилницата ќе се одржи во периодот од 11 до 14 часот, а од 12 до 15 часот сите заинтересирани дечиња ќе можат да бидат дел и од грнчарската работилница каде што ќе ги испробаат вештините во цртање и декорирање на грнчарски производи.

За забавата да биде уште поинтересна, дечињата ќе имаат можност да се дружат со нивните омилени ликови, да уживаат во денот и добрата журка и што уште не.

Креативната детска работилница закажана за овој викенд во Комплекс Македонско село е поддржана од Арс Ламина. 

Објавено:
7 април 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
207 пати