Еден од највпечатливите детали од пролетната колекција на Александар Ванг беа венчињата. Сега, и тие се пуштени во продажба, а нивната цена предизвика различни коментари.
Венчињата со натписи „Wangover“, „After After Party“ и „Party Animal“ сега се достапни по цени од 3.900, 5.100 и 6.000 долари.
Со оглед на тоа дека се иразботени од пластика, за многумина овие модни додатоци се преценети.
На пистата со нив ги видовме Бела Хадид и Кендал Џенер, а имајќи ја предвид актуелноста на вакви додатоци за коса, сепак меѓу трендсетерите (особено помладите) нема сомнение дека ќе бидат вистински хит.
За потсетување, не е првпат модните додатоци да имаат вртоглави цени. „Гучи“ направи лепеза од 3.000 долари, додека „Баленсијага“ имаше ластиче за коса вредно 180 долари, па и покрај нивната преценетост имаат свои купувачи.