Вера Мештеровиќ во ЕЛЕНА ЛУКА – Моќно издание што ги освои сите погледи

22 септември 2022

Моќен, авангарден, а истовремено елегантен изглед што не остава простор за рамнодушност...

Вера Мештеровиќ стилизирана во фантастична уникатна комбинација од ЕЛЕНА ЛУКА, вчеравечер пленеше и беше во фокусот на модното внимание на корпоративен коктел настан во Скопје.

Изгледаше светски, а истовремено соодветно на приликата.

ЕЛЕНА ЛУКА секогаш со визија во создавањето врвна мода во чекор со светските текови и овојпат за својата долгогодишна соработничка, креираше уникатен коктел сет со артистична нота која ја издвојуваше од останатите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FASHIONEL.mk (@fashionelmk)

Дводелната луксузна комбинација се состои од женствен коктел фустан со должина над колена, во линија што суптилно ја следи силуетата, а деколтето е потенцирано со корсет во срцевидна форма.

Целата основа рачно е навезена со мониста и сјајни украсни детали, што совршено ја надополнуваат неговата гламурозна естетика.

Сакото во пеплум крој навистина е парче уметност. На еден совршено елегантен начин ја потенцира женственоста, со акцент на половината и на рамената. Карнерите во делот на јаката даваат нота на гламур, а рачно навезените мониста и светкави детали ја комплетираат приказната која идеално функционира во комбинација со фустанот.

Овој совршен коктел сет е достапен во продажба во ателјеата на ЕЛЕНА ЛУКА во Скопје и Струмица, како и на онлајн продавницата на брендот www.elenaluka.com.

Објавено:
22 септември 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.882 пати