Вера Мештеровиќ блесна во елегантна креација на ЕЛЕНА ЛУКА на Златна Бубамара

18 март 2023

Златна Бубамара веќе 26 години по ред приредува уживање за сите генерации, а покрај прекрасните изведби на сцена, на шоуто не изостанува и модата.

Овој пат една од дамите што го привлече вниманието на сите, беше прекрасната Вера Мештеровиќ, која блесна како вистинска принцеза во екстравагантна креација на ЕЛЕНА ЛУКА.

Вера беше стилизирана во макси црна тоалета, којашто ги следеше линиите на нејзиното тело, создавајќи префинетост и гламур во секоја смисла на зборот.

Без сомнение ги мамеше погледите на присутните во салата во беспрекорниот стајлинг со потпис на ЕЛЕНА ЛУКА.

 

Објавено:
18 март 2023
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
4.229 пати