Versace за прв пат вклучува плус-сајз модел во кампањата

13 јануари 2021

Пандемијата ја подигна модната игра на едно повисоко ниво на креативност кај брендовите. Во период кога изостануваат модни ревии и социјални збиднувања, кампањите се една од ретките алатки кои ги користат дизајнерите за промоција. Само неколку дена во новата година, веќе сме преплавени со кампањи за пролетните колекции за 2021. 

Пред само три месеци за прв пат во историјата на италијанскиот моден бренд Versace, на модната писта зачекорија плус сајз модели, меѓу кои и убавицата Прешес Ли. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Versace (@versace)

Запишувајќи ново поглавје во резимето на брендот, Versace повторно реши да соработува со Ли, па сега плус сајз моделот се најде како водечко лице на кампањата за пролетната колекција. За целите на кампањата, Прешес Ли позира во мини фустан во живописни бои и мотиви препознатливи за брендот, држејќи ја чантата La Medusa, од најновата колекција. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Versace (@versace)

Заедно со Ли, дел од кампањата се и Хејли Бибер и Кендал Џенер, кои Донатела ги опишува како владетели на мистичниот свет на Versacepolis.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Versace (@versace)

Објавено:
13 јануари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
325 пати