„Версаче“ ја има најмасовната есенска реклама!

17 јули 2018

Модната куќа „Версаче“ повторно го сврте вниманието кон себе. Овој пат, во прашање е есенската кампања, а за таа цел брендот повика дури 54 модели да бидат дел од неа. Зад фотографиите се потпишува Стивен Мајсел, а со спојувањето на сите модели, тој ја има најдолгата модна фототграфија за кампања направена некогаш.

Тие носат комбинации од есенската колекција, наредени во долга редица. И тоа е тоа. Без дополнителни сетови, детали..., а сепак впечатливо и доволно провокативно за да видите за што се работи.

Исто така, од брендот се потрудиле ангажираните модели да се со звучни имиња, па меѓу 54-те што се појавуваат се и Џиџи Хадид, Бела Хадид, Каја Гербер, Стела Максвел, Иман Хамам...

„Мојот тим не се состои само од работниот тим. Кланот „Версаче“ се сите членови на семејството Версаче - од клиенти до модели, обожаватели, фотографи, стилисти,, пријатели, уметници и сите кои веруваат дека да се остане релевантен значи да се оди напред и да се потрудиш ставот да го кажуваш гласно, сите кои веруваат дека модата не е само начин на кој што ќе се каже „Погледни ме“, туку „Погледни ме, имам нешто да кажам“, објаснува Донатела Версаче во официјалното соопштение.

Покрај фотографиите, во рамки на кампањата е направено и видео со точниот изговор на брендот, кои можете да ги погледнете во продолжение:

 

Објавено:
17 јули 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
305 пати
Извор: 
fashionista.com