Вествуд креираше нови униформи за авиокомпанијата Virgin Atlantic

3 јули 2014

Вивиен Вествуд креираше 7. 500 еко парчиња за вработените на авиокомпанијата за кои изјавува  дека ги направила со помош токму од  персоналот. Женските униформи вклучуваат црвени палта струкирани околу половината, асиметричен крој на блузи, „пенкало“ здолништа, црвени чевли со потпетица во форма на песочен часовник и црвена кожена чанта со дијаманти на рачките

Машката униформа е костим составен од три дела  во темно црвена нијанса со оксфордки, а инспирацијата за креациите потекнува од високата мода во четириесеттите години. Вествуд исто така креираше еко кеси кои се изработени од кожен материјал, платно и преработен месинг.

„Моите креации секогаш нудат динамичност во движењата на телото. Парчињата се гламурозни, а дизајнот помага во изразување на индивидуалноста . Сакам да соработувам со компании кои се грижат за зачувување на природата и кои се подготвени да користат разни рециклирани материјали“ – вели Вествуд

Забавата по повод промоцијата на новите униформи беше одржана во Лондон минатата недела, а на неа покрај славните личности, за одличната атмосфера се погрижи Деби Хари, која на настапот носеше црвено палто кое е дел од униформите за женскиот персонал во Virgin Atlantic. Инаку, во месец јули минатата година легендарната британска дизајнерка го продолжи  договорот за соработка со основачот и претседателот на авионската коорпорација, Ричард Бренсон, кога ги редизајнираше постоечките униформи инспирирани од француската мода во 40-тите.

Објавено:
3 јули 2014
Категорија: 
Актуел