Vibrazioni: Заводнички сексапил пресликан во едиторијал

20 ноември 2014

По последното претставување на модниот викенд во Скопје, успешната македонска дизајнерка која се претставува под етикетата Vibrazioni, Александра Митковска, перманентно продолжува во промовирањето на своите модни вибрации.

Таа  на социјалната мрежа Фејсбук објави мини едиторијал со странски соработници, реализиран на локација која во фокусот ги нагласува карактеристичните геометриски елементи.

Главната улога во модната приказна ја има манекенката Аника Божиќ, која со доза  на заводливост и сексапил, позира во два коктел фустани од пред-колекцијата на дизајнерката за сезоната пролет-лето 2014 година.

Овој пат,  двете впечатливи креации се презентирани во урбан дух,  нагласувајќи ја моќта на строгите и сигурно поставени кроеви во комбинација со женската убавина.

Како главен фотограф за едиторијалот се потпишува фотографот Марко Вулевиќ, стајлингот е на Елена Николаевна, шминката  на Мина Абрамовиќ, додека за фризурата  задолжени се од  студиото Dacha Hair.

Објавено:
20 ноември 2014
Категорија: 
Актуел