(Видео) Џиновска „Барбери“ чанта пловеше по Темза...

11 јули 2021

Жителите на Лондон кон крајот на минатиот месец можеа да видат несекојдневна, па би рекле атракција, во нивниот град.

Оние што шетаа покрај брегот на реклата Темза, сигурно воопшто не очекуваа дека ќе посведочат на тоа како џиновска чанта плови по реката. „Што гледам во моментов“, „Каде оди оваа чанта за џинови“, „фантастичен дизајн“, се само дел од коментарите кои се забележани.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Burberry (@burberry)

 Секако, не се работи за ѓубре, туку за кампањата на брендот „Барбери“ која ја презентираше кон почетокот на месецов.

Се работи за моделот „Олимпија“, еден од најпопуларните на „Барбери“, за која оттаму велат дека е „чанта која го слави класицизмот“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Burberry (@burberry)

Инаку, чантата ја започна пловидбата од кралските пристаништа, по што помина под „Тауер Бриџ“, за да продолжи кон кралскиот поморски колеџ во Гринч. Тука стоеше три дена, а потоа се врати по истата траса.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Burberry (@burberry)

Реакциите, како и целото патување, од бреднот го спакуваа во видео, кое можете да го погледнете во продолжение.

Воедно, од „Барбери“ најавија  дека ова нема да биде единствената пловидба на чантата. Следната дестинација е Дубаи, а после тоа ќе ги изненадат жителите на уште неколку светски метрополи, но не откриваат се' уште кои. 

 Погледнете како течеле подготовките за оваа инсталација:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Burberry (@burberry)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Burberry (@burberry)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Burberry (@burberry)

 

Објавено:
11 јули 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
351 пати