Видео: Погледнете како изгледа и звучи Андреа на генералната проба на евровизиската сцена

6 мај 2022

Во салата „Пала Олимпико“ во Торино каде што ќе се одржи годинашното издание на „Евросонг“, денеска беше реализирана втората проба на дел од учесниците.

Меѓу нив беше и нашата претставничка Андреа, која ќе не' претставува со песната „Circles“.

Од видеото се гледа дека фокусот е ставен на Андреа, а динамиката на настапот се создава со светлосните ефекти.

Нејзиниот глас ќе го надополнат Ана Петановска и Рената Кралевска.

Кога е изгледот во прашање, Андреа носи стајлинг осмислен од Цаци Паковска, составен од панталони, топ и мантил со светкави елементи.

Инаку, нашата претставничка ќе се претстави на 12 мај и ќе се обиде да обезбеди пласман и во големото финале, закажано за 14 мај.

Дел од атмосферата погледнете ја од видеото во продолжение:

 

Објавено:
6 мај 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.215 пати