ВИДЕО: Уметноста зад очилата на Диор

2 февруари 2021

Модната куќа Диор честопати знае да изненади со фотографии и видеа од процесот на изработка на парчињата, особено кога станува збор за високата мода. Овој пат не' почестија со уметноста на создавање на очилата, од скица до готов производ. 

Очилата се дизајнираат во атељето во Париз, секој пар очила до детаљ се скицира. Оттаму се праќаат во италијанскиот регион Лонгароне, каде се наоѓа работилницата на Телиос, а каде нацртите добиваат живот.

Телиос и Диор со својата унија најавуваат современа соработка и беспрекорен дизајн, што и се очекува од двете модни куќи.

 

Објавено:
2 февруари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
200 пати
Тагови: 
Диор Телиос очила