Викенд на ексклузивни попусти на венчаници во Елена Лука!

21 февруари 2019

Од етаблираниот моден бренд Елена Лука имаме одлични информации за сите идни невести: единствено овој викенд во ателјеата на Елена Лука сите изложени венчаници се со 50% попуст!

Со овие ексклузивни саемски попусти имате одлична можност вашата венчаница од соништата да ја набавите на половина цена.

Елена Лука е моден бренд препознатлив токму по дизајнот на венчаници што се олицетворение на раскош и беспрекорна убавина, а за секоја невеста токму изборот на венчален фустан е клучен во целата организација на свадбената церемонија. Доколку веќе ја планирате вашата венчавка, тогаш овој викенд на ексклузивни попусти во Елена Лука е вистинскиот момент да се одлучите за венчаницата која совршено ви прилега.

Во богатиот избор на модели ќе најдете венчаници со дизајнерскиот потпис на Елена Лука што го следат сензибилитетот на секоја невеста. Во однос на естетиката, застапени се венчаници со минималистички дизајн и чисти лини со впечатливи детали, изработени од екстравагантни материјали до венчаници со раскошен волумен со акцентирани детали со рачно изработени везови.

Покрај попустот, Елена Лука до крајот на месец март ви обезбедува ваучери со 10% попуст на сите договори за нови венчаници или свечени фустани, па ова е одличен повод да ги посетите ателјеата на нашиот моден бренд.

 

Објавено:
21 февруари 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.342 пати