Виктор и Ролф дизајнираа есенска линија накит за Сваровски

28 февруари 2014

Холандското дизајнерко дуо Виктор и Ролф склучија договор со австрискиот бренд Сваровски од кој двајцата дизајнери ја создадоа есенската колекција накит. Станува збор за две линии насловени „Velvet Rock“  и  „Frozen Crystal“ во основата изработени од препознатливите кристали на Сваровски. Резултатот е  надреална игра на текстура во која кристалите се во спој со мат површини на сиво кадифе. Надја Сваровски, челен на Извршниот одбор на брендот вели:

-Нивната креативна визија ни наметнува една нова и поинаква линија накит од која крајниот производ е сензационален. Сивата боја е водечка според Пантон и затоа се одлучивме таа да преовладува, изјавува Надја.

Една од линиите накит, односно „Velvet Rock“  изобилува со балансирана техника, едноставни линии и графички сегменти од прстените, алките и ѓерданите. Истоимената колекција аксесоари ќе биде презентирана во рамките на нивното утрешно претставување на Париската модна недела каде во својата есен-зима колекција ќе го имплементираат и накитот.

 

Објавено:
28 февруари 2014
Категорија: 
Актуел