Викторија Бекам изгледа фантастично на насловната страна на „Вог Грција“

19 февруари 2020

Мартовскиот број на грчкото издание на магазинот „Вог“ го привлече вниманието на светската јавност. Причината за тоа е што насловната страна ја краси Викторија Бекам и тоа во фантастична сина креација на грчкиот бренд „Zeusndione“.

фото извор: @voguegreece

Сината боја и симболичниот наслов „Victorius“ беа и повеќе од доволна причина сите да посакаат да видат повеќе од оваа соработка.

Инаку, мартовскиот број има уште една насловна страна со Викторија, на која фокусот е на нејзиното лице.

фото извор: @voguegreece;

Зад фотографиите се потпишува познатиот фотограф Алекси Лубомирски.

„Ако животот е натпревар, тогаш Викторија Бекам е шампион. Жена која се соочила со професионалните и семејните предизвици со еднаква храброст, победувајќи низ времето и времето повторно како некој на кој совршено му стои името што ја слави победата.  Креативниот ум зад еден од водечките брендови во модата, член на една од најуспешните женски поп-групи во историјата, сопруга на еден од најбараните мажи на планетата и мајка на четири деца, Викторија Бекам ја краси насловната страна на „Победничкото“ мартовското издание на „Вог Грција“. Во фото-сесијата која ја прегрнува пролетта, повторното раѓање и светлива, Викторија позира пред објективот на реномираниот фотограф Алекси Лубомирски...“, е дел од објавата на Инстаграм профилот на „Вог Грција“.

фото извор:@buro247ua;

Изданието ќе биде во продажба од 23.02, а со нетрпение очекуваме да ги видиме и останатите фотографии и разговор.

 

 

Објавено:
19 февруари 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.226 пати