Викторија Бекам создаде мини колекција за хуманитарни цели

21 април 2014

Прекрасната британска дизајнерка која го прослави својот 40 – ти роденден во четвртокот, лансираше мини колекција за помош на хуманитарната организација Born Free.

Истата се состои од шармантен и шик фустан за мајките, но и преслатка мини верзија од истиот за нивните најмили. Фустаните на публиката и беа презентирани од страна на прекрасниот топ – модел Саша Пивоварова и нејзината слатка мала ќеркичка Миа.

Покрај Викторија, учество во оваа хуманитарна акција со свои мини колекции земаа и дизајнерите како Алберта Ферети, Александар Меквин, Каролина Херера, Селин, Маркеза, Марни, Прада, Стела Мекартни и други.

Сите парчиња што се дел од оваа хуманитарна колекција заинтересираните ќе можат да ги купат преку ShopBop.com.

Супермоделот и филантропист Жизел Бундхен исто така ќе креира за организацијата, а во нејзината колекција ќе може да се најде облека и модни додатоци за мајките и нивните деца.

Инаку, организацијата Born Free е создадена од приватниот сектор и истата се обидува да стави крај на пренесувањето на ХИВ од мајките кон нивните деца.

Објавено:
21 април 2014
Категорија: 
Актуел