Вилијам и Кејт одлучија: Принцот ќе се вика Луис!

27 април 2018

По четири дена неизвесност, кралското семејство конечно го објави името на новиот член, третото дете на принцот Вилијам и Војвотката од Кембриџ, кое ќе се вика Луис Артур Чарлс.

Низ Велика Британија биле ставени повеќе од 100.000 облози, а на првото место се нашле имињата Алберт и Артур.

Но, Вилијам и Кејт на крајот одбраа име користено со векови од Французите кои имале вкупно 18 кралеви со име Луис.

Инаку, малиот принц Луис се роди на 23 април во приватниот дел на болницата Сент Мери во Лондон каде војвотката Кејт на свет ги донесе и принцот Џорџ и принцезата Шарлот.

Помладиот брат на принцезата Шарлот и принцот Џорџ е петти во ред за кралскиот трон, а шести правнук на кралицата Елизабета која изминатиот викенд го прослави 92 роденден.

„Нејзиното височество, војвотката од Кембриџ во 11 часот на свет донесе здраво машко бебе тешко 3.8 килограми. На раѓањето присуствуваше и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам. Целото кралско семејство со радост ги прими вестите за раѓањето на бебето и не можат да бидат посреќни“, се вели во официјалното соопштение од палатата Кенсингтон.

Извор и фото: Daily Mail

Објавено:
27 април 2018
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
883 пати