Ноември е совршен за шопинг, особено ако се земе в предвид ексклузивниот попуст на сите дизајнерски парчиња од колекциите на Елена Лука од претходните сезони.
Попустот до 50% ќе биде актуелен во текот на целиот месец, па ова е совршен повод да ги посетите ателјеата и онлајн продавницата на македонскиот бренд.
Доколку размислувате за нов зимски капут, палто или бунда, а притоа со дизајнерски потпис и потврден квалитет, во понудата на Елена Лука ќе најдете совршен избор што вклучува од авангардни до елегантни модели, за сечиј вкус.
Со 50% попуст се и сите парчиња од комерцијалната „Basic" колекција, која што нуди широка лепеза на модни парчиња и додатоци, со различна естетика што може да се имплементираат соодветно во сечиј стил.
Навреме подгответе се за зимска сезона во која ќе оставите незаменлив стилски впечаток...