Вивиен Вествуд издава своја биографија

16 август 2014

Иконата на британската панк мода и силната активистка, Вивиен Вествуд, за првпат издава своја биографија. Уште од отворањето на  првата  продавница за винтиџ облека во далечната 1970 година, со Малком Мекларен, оваа контроверзна дизајнерка непрекинато создава модни стилови низ неколку декади и стана една од најголемите дизајнерски имиња во светот на модата.

Дури и од почетокот на својата кариера таа својата инспирација ја доби од британската историја и култура,  речиси секогаш проследена со пораки поврзани со климатските промени, политика и борба за човекови права. Во месец октомври ќе биде објавена исклучителна богата биографија на 464 страници, а во неа ќе бидат поставени ексклузивни автопортрети, фотографирани од долгогодишниот пријател на дизајнерката, познатиот фотограф Јирген Телер.

 

Низ стотината страни ќе се најдат и безброј авантури и анегдоти од животот на модната панк револуционерка . Биографијата уште сега е достапна за продажба на официјалниот сајт на Вивиен Вествуд, а светската премиера се очекува на 9-ти октомври. Мора да признаеме дека ова ќе биде интересна животна приказна што вреди да се прочита.

Објавено:
16 август 2014
Категорија: 
Актуел