Вивиeн Вествуд повторно дизајнираше за „Ванс“

13 април 2016

Популарниот бренд „Ванс“ неодамна прослави 50 години постоење, а најновото од нив е соработката со дизајнерката Вивиен Вествуд.

Тие создадоа патика-мокасина, модел што го насловија „Slip-On“, со дезен што ја осликува посебноста на дизајнерката.

Графичкиот принт се базира на повеќе бои во различни тонови во комбинација со златни детали.

За производот да биде комплетен, тимот се погрижи и кутиите во кои се пакуваат обувките да биде во истите тонови и принт. 

Објавено:
13 април 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
226 пати