Вивијан Вествуд го отвора првиот бутик во Њујорк

24 март 2015

A rendering of the Vivienne Westwood boutique in New York.

Дизајнерката Вивијан Вествуд одлучи британскиот стил да го донесе во Њујорк.  После Лос Анџелес и Хонолулу, таа ќе го отвори првиот бутик во Големото Јаболко. Во новиот бутик ќе бидат достапни креации од линиите Gold Label, Red Label, Anglomania, како и машки креации. Приказната ќе биде надополнета со модни додатоци со потпис на дизајнерката, како и невестински креации и вечерни тоалети.

-Зградата што ја одбравме има одлична атмосфера и околината е совршена. Њујорк е важен чекор за нас како компланија, па моравме да најдеме локација што ќе го претстави нашиот бренд во најдобро светло - изјави Андреас Корнталер, креативниот директор на брендот, а воедно и сопруг на дизајнерката.

Новиот бутик се наоѓа на 14 East 55th Street, а е позициониран карши бутикот на Escada, Polo Ralph Lauren, како и бутиците на Chanel, Burberry, Louis Vuitton и Christian Dior.

Објавено:
24 март 2015
Категорија: 
Актуел