Вивијан Вествуд се вклучи во еко протест

17 август 2013

Панк бабата Вивијан Вествуд се приклучи на протестот со 1000 други активисти, кои протестираат против експериментот што го изведува енергетската фирма за гас, Caudrilla resourse’s , за која засега се зане дека изведува процес со отровен гас кој и штети на околината и луѓето.

-Ова треба да се спречи, ја уништуват иднината која во моментот се занемарува од одговорните. Ќе бидам дел од овие протести се додека не се реши проблемот, вели Вествуд.

Инаку протестите се случуваат во англиското селце Сусекс, а 82% од тамошните жители се изјасниле против методот што го применува енергетската фабрика.

Дизајнерката е исто така позната како политички активист и има организирано приватна кампања против уништувањето на дождовните шуми, глобалното затоплување и нуклеарното оружје.

Објавено:
17 август 2013
Категорија: 
Актуел