Септемвриското издание на Harper's Bazaar ќе биде вистинско изненадување и уживање за оние што ја сакаат Одри Хепберн. Насловната страница ја краси внуката на актерката, Ема Ферер, а зад фотосесијата се потпишува внукот на познатиот фотограф Мајкл Аведон - 23-годишниот Ричард.
Хепберн долги години беше инспирација и соработник на Мајкл, па работењето на овој проект претставувало голем предизвик за неговиот внук, но и за 20-годишната Ема, која во оваа пригода го имаше своето деби како модел.
Ема Ферер е студент на Академијата за уметности во Фиренца и покрај тоа што не наликува , сепак ги наследила ставот и грациозноста на нејзината баба, која никогаш не успеала да ја види и запознае. Имено, ќерката на Шон (најстариот син на Одри) и Мел Ферер е родена 1994, една година по смртта на легендарната актерка.
Фотосесијата е осмислена на тој начин што Ферер позира со креации и пози кои алудираат на некои од највпечатливите и запаметени појави на Хепберн.
-Честопати знаат да ми го постават прашањето, какво е значењето на Одри за мене. И сум размислувала за тоа, па морам да кажам дека бев свесна за нејзината појава и дека сме поврзани. Сепак, како дете не можев да се поврзам со неа како со актерка, затоа што Одри за мене беше семејство - вели Ема.
Во продолжение погледнете го едиторијалот на овие млади луѓе и кажете ни го вашето мислење.