Во светот на Кејт Мос: Сите лица на супермоделот на страниците на британски Вог!

7 ноември 2014

Веќе знаеме дека таа е најдобриот супермодел на светот, но она што не го знаеме е тоа дека зад камерите, Кејт Мос е најприродната личност во универзумот!

Фантастичната 40 – годишна манекенка е девојката од насловната на декемвриското издание на британски Вог, фотографирана од нејзиниот долгогодишен, контроверзен пријател Марио Тестино со стајлинг на единствената Лусинда Чамберс.

Таа на светот му ги претстави 10 – те различни лица на Кејт Мос во внимателно одбрани парчиња спакувани во вкупно 10 стајлинзи за манекенката.

Во еден момент, таа е девојка од некое сосема мирно село фотографирана во заборавена шармантна куќичка, во друг пак, тотално забавна диско девојка во сина кадифена наметка, уморена од бројните журки и бессоните ноќи.

За декемвриското издание на британскиот Вог, Кејт Мос има дури две насловни, од кои на едната можеме да ја видиме во едноставно и нежно издание со сосема природна шминка и несредена коса, додека пак на другата, таа е британска дива со „smokey eyes“ и бунда со животински принт.

Престижната модна библија покрај тоа што ги израдува сите обожаватели на манекенката со фантастични фотографии, тие им понудија и ексклузивна можност за момент да бидат дел од светот на Кејт Мос преку" target="_blank"> видео снимено во нејзиниот дом, а објавено на нивната официјална страница.

Во него, можеме да видиме една сосема поинаква Кејт, една обична Британка која ужива во ритуалот на пиење чај, девојка која обожува да се смее и да кажува шеги, да говори за нејзините пријатели, да му дели комплименти на својот сопруг со неверојатен жар во очите.

Во видеото, таа говори и за тоа како се одвивало целото снимање на моќните фотографии за декемвриското издание на Вог, со нејзините пријатели Марио Тестино, Тим Вокер и Дејвид Бејли за кои ќе каже дека се вистински професионалци.

Она што е особено интересно, а што таа го открива во видеото, е дека со оглед на тоа што таа била дел од фотосесијата и како соработник моден уредник на Вог, за прв пат имала шанса да му „наредува“ на Тестино што било неверојатно забавно и смешно.

Во продолжение, погледнете ги одличните ексклузивни фотографии за Вог, но и видеото што ја прикажува Кејт Мос во едно сосема поинакво светло, за кое сме сигурни дека ќе го обожавате!

Објавено:
7 ноември 2014
Категорија: 
Актуел