Вог и Хародс ги здружија силите за новиот фестивал

2 декември 2013

Фестивалот ќе се одржи во халата „Кралицата Елизабета“ и се планира да биде поголем настан од двата претходни. Уредничката на Вог, Александра Шулман го истакна задоволството од соработката со Хародс, сметајќи дека  новите идеи и спојот на модата и стилот може да допринесат за создавање на успешна врска.

Оваа година на едно место ќе се соберат голем број модни таленти, а од нив до сега учеството го потврдија: Викторија Бекам, Донатела Версаче, Мајкл Корс, Пол Смит, Марио Тестино, Вивиен Вествуд, Албер Елбаз, Кара Делевињ и Алекса Чанг. Исто така се планираат голем број работилници, дискусии и перформанси.

ПР директорот на Хародс, Кјара Варесе во врска со оваа соработка изјави – „Модниот свет е артистичен, софистициран, иновативен, но пред се забавен. Ова партнерство помеѓу двата бренда ќе ја спои иновативноста на дизајнерите на луксузен начин„

Објавено:
2 декември 2013
Категорија: 
Актуел