Вог има нова онлајн продавница

11 март 2014

Архивата на фотографии на британското издание на Вог од 14 март ќе биде достапна во вид на онлајн продавница. Работата на бројни славни фотографи, а фотографиите на Сесил Битон, Клифорд Кофин, Јуџин Верниер ќе бидат првите за продажба.

„Воодушевени сме од оваа идеја, да се има место, односно архива на фотографии која ќе им биде достапна на луѓето, па некои од нив ќе ги красат ѕидовите на нивните домови.“, вели уредничката Александра Шулман.

Инаку дел од овие фотографии беа претставени за 100-годишнината од британското издание на Вог.

Фотографиите и илустрациите кои ќе бидат достапни во онлајн продавницата ги опфаќаат периодите од 1940-тите, 1950-тите и 19660-тите, а од магазинот најавуваат дека наскоро понудата ќе биде проширана.

„Читателите долго време уживаа во фотографиите гледајќи ги низ страниците на магазинот, онлајн изданието или на изложбите. Сега ние се потрудивме да им го овозможиме и задоволството да имаат некоја од тие фотографии во нивните домови, за прв пат“, вели Џејмс Бидвел, одговорен за уметничкиот дел во списанието.

Во продолжение погледнете некои од фотографиите што ќе се најдат во продажба:

Хенри Кларк - декември 1957 година Хенри Кларк - декември 1957 година

Јуџин Верниер - јануари 1956 година Јуџин Верниер - јануари 1956 година

Сесил Битон - јули 1948 година Сесил Битон - јули 1948 година

Дон Ханимен - јули 1951 година Дон Ханимен - јули 1951 година

Клауд Вирџин - септември 1958 година Клауд Вирџин - септември 1958 година

Објавено:
11 март 2014
Категорија: 
Актуел