„Вог“ ја стави Камала Харис на насловна страна и направи утка со фотографијата

11 јануари 2021

Камила Харис е на насловна на „Вог“, но не можеме да кажеме дека ја краси. „Вог“ потфрли кај личноста која беше нивниот политички фаворит.

Американското издание на „Вог“ веќе години наназад јасно го искажува својот политички став, па така колку што беа „ужаснати“ од Трамп и ја „забранија“ Меланија засекогаш во „Вог“, така со широко отворени раце ја пречекаа Камила Харис, првата потпретседателка на САД.

Токму Харис е на насловната страна на магазинот за февруари, но не можеме да кажеме дека ја краси. Вината секако не е во неа, туку во тимот кој одлучи да понуди фотографија, односно насловна страна која наиде на големо негодување: „Аматерско“, „Навредливо“, „Непрофесионално“, „Бледо“ се само дел од коментарите за фотографиите зад кои се потпишува Тајлер Мичел.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

 

Тој е првиот црномурест фотограф кој сликал за „Вог“, а шансата му беше дадена во септември 2018 година, кога Бијонсе беше на насловната страна.

И ако тогаш го вивнаа во ѕвездите и беше нивниот избор за Камала, сега сјајот е заменет со црн облак. 

Две фотографии од потпретседателката се достапни за јавноста досега. На едната носи лежерна комбинација со црно палто, панталони и старки, кои се дел од нејзиниот стил, а зад неа има ѕид со зелени тапети и розов свилен чаршаф. Втората пак, е поофицијална, каде Камила носи пастелно син костум од „Мајкл Корс“, а позадината е во златни тонови.

Критиките одат посебно во насока на првата фотографија. Модните познавачи, како и публиката, посебно твитерџиите, сметаат дека ова е недопустлив пропуст на магазин кој има сериозна репутација. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

 

„Си-Ен-Ен“ објави коментар од извор близок на Харис, кој вели дека тимот на потпретседателката очекувал втората фотографија да биде главна, додека пак „полежерната“ да биде во внатрешноста. Тој исто така вели дека од тимот на Харис побарале да биде направена нова насловна, но „Вог“ од друга страна велат дека фотографијата е одлична и симболична. 

Зелената и розовата нијанса кои многумина ги оспоруваат во овој контекст, се преземени како инспирација од боите на „Howard University's Alpha Kappa Alpha“ каде учела Камала и кој претставувал прво „сестринство“ на Афроамериканските жени. Со тоа Мичел сака да им одаде почит не само на Камала туку и на сите моќни жени кои произлегле од сестринството какво што е „Alpha Kappa Alpha“.

Од „Вог“ велат дека потптетседателката го направила изборот на облека и дека тој ја рефлектира нејзината најдобра лежерна варијанта.

Некои наоѓаат замерка дека Камала воопшто не изгледа моќно на фотографиите, напротив, изгледа сосема нескладно со функцијата која треба да ја врши и пораката што треба да ја испрати. Воедно, многумина најдоа замерка дека поради светлото и ефектите на фотографиите, лицето на камала е побело одошто реално е.

За личност која се смета за историска, за жена која треба да претставува инспрација и моќ, ова е сосема погрешен избор. Но, дали оваа фотографија ќе влезе секако во историјата на магазинот за која ќе се зборува и години подоцна? - Дефинитивно да.

 

Објавено:
11 јануари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.512 пати