„Вог“ објави слика од Ана Винтур во тренерки

30 април 2020

„Ана Винтур носи спортска облека?! Ова се навистина непредвидливи времиња“, гласи еден од коментарите под фотографијата на која Ана Винтур трча, облечена во тренерки и патики, а која ја објави магазинот „Вог“ на Инстаграм профилот. Тоа е еднакво како Ана Винтур да ја објавила.

Нејзиниот стајлинг изненади многумина, особено бидејќи познатата уредничка досега беше одлучна дека никогаш нема да носи „кежуал“ облека. Но, изгледа периодот на изолација и работењето од дома ја предомислија.

Претходно исто така излезе нејзина фотографија со која порача да се остане дома, а беше облечена во џемпер и долен дел од тренерки.

Во оваа објава пак, не беше за изненадување само тоа како изгледа, туку по повеќе нешта беше и нејзин политички став.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine) onApr 27, 2020 at 7:30am PDT

„Јас, како и сите вие сигурна сум, сонувам да излезам повторно надвор. Но, како тоа повторно излегување ќе изгледа? Мислам дека сите ја надминавме идејата дека животот едноставно ќе се врати во нормала. (освен нашиот претседател, кој мисли дека треба да пробаме да пиеме средство за дезинфекција помешано со сонце, на што велам: „Ти прв“). Нашата економија се бори на многу начини и ќе се бори уште некое време. Како што сите научници ни велат, овој вирус нема едноставно да исчезне. Така, како што ќе излегуваме повторно, така ќе мораме да се менуваме. Мораме да се адаптираме. Мораме“, дел е од пораката на Винтур.

Но, голем дел од коментарите се однесуваа и на нејзиниот избор на патики, кој воопшто не е случаен. Се работи за модел на „Најк“, кој го дизајнираше контроверзниот спортист Колин Каперник (американски фудбал).

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by colin kaepernick (@kaepernick7) onDec 23, 2019 at 7:03am PST

За потсетување, во предсезоната 2016, Каперник кој тогаш играше за Сан Франциско, одби да стане за време на традиционалното интонирање на химната на САД пред почетокот на секој меч во НФЛ. Тоа беше неговиот начин да изрази протест за начинот на кој се третираат луѓето со поинаква боја на кожа.

„Нема да се претворам дека гордо го носам знамето на земјата која ги угнетува црнокожите луѓе и другите раси. Тоа е поважно од мене отколку фудбалот", беше неговата изјава тогаш. 

Но, покрај моделот што го носи Винтур, тој дизајнираше уште еден, на кој е втиснат датумот 08 14 16, кога всушност и првпат се случи да одбие да стане за време на изведувањето на химната.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by colin kaepernick (@kaepernick7) onAug 14, 2019 at 3:05pm PDT

И додека едни тогаш ја почитуваа неговата одлука и ја сметаа за храбра, други, вклучувајќи го и претседателот Трамп, сметаа дека е крајно непочитување, поради кое треба да биде исклучен од тимот.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by colin kaepernick (@kaepernick7) onMay 8, 2019 at 2:39pm PDT

Тоа е уште една причина зошто Винтур одлучи да го поддржи, па дури и го викна Каперник да биде еден од гостите на минатогодишната Мет Гала, па знаејќи го сето ова, нејзиниот избор на патики (кои патем се лансираа во декемвир минатата година и се распродадоа за само неколку часа), и не е така изненадување.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by colin kaepernick (@kaepernick7) onDec 23, 2019 at 7:03am PST

 

.

Објавено:
30 април 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
411 пати