„Вог“: Ова се 10 најдобро облечени личности во 2020

16 декември 2020

Иако веројатно поочекувано е британското и американското издание на „Вог“ први да излезат со ретроспектива и статистика за 2020 година, честа сепак му припадна на австралиското издание.

Тимот на „Вог“ направи нивен избор на 10 најдобро облечени личности за годинава на изминување. Некои од личностите кои се најдоа на оваа листа веројатно ќе ве изненадат.

А еве што вели уредништвото на магазинот:

„Како модно да се сублимира 2020 година кога е модата во прашање? Беше тоа година во која се откажаа црвени килими, ѕвездите ни дозволија да ѕирнеме во нивните домашни гардеробери, а церемониите станаа виртуелни. Откажана е и најголемата модна ноќ во годината - Мет Гала, затоа што и Метрополитен музејот ги затвори своите врати. Нашите омилени познати личности и модни куќи можевме да ги видиме и доживееме на сосема нов начин.

Членовите на кралските семејства во облека „за по дома“, стилот на познатите со заштитни маски, а ѕвездите како Зендаја на пример, своите модни изданија за црвен ќилим ги покажаа на Инстаграм, наместо на вистинската црвена патека.

2020 е година која модната индустрија нема да ја заборави. Кога ќе погледнеме наназад, тешко е да се поверува дека сезоната на доделување награди во јануари, февруари и март се одржа како светот да нема да застане. Оскарите, Златните глобуси, БАФТА и САГ наградите се одржаа пред глобалниот карантин.

За среќа тоа ни даде шанса да видиме кои ѕвезди се на пат 2020 да ја направат своја година. Како и секогаш, годинашната листа на најдобро облечени нема врска со моментите на црвениот килим кои ни се допаднаа. Тоа е воедно и порака до луѓето кои секој ден ни сервираат стил“, се вели во текстот.

А еве и кои се одбраните:

Флоренс Пу

Грофицата од Васекс

Хари Стајлс

Марго Роби

Оливија Колман

Рене Зелвегер

Срша Ронан

Трејси Елис Рос

Зендаја

Зои Кравиц

 

Објавено:
16 декември 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.801 пати