Магазинот Вог прекрши едно од своите основни правила – на ноемвриската насловна на мексиканското издание се најде полскиот модел Џулија Боровска која има само 15 години!
Ова е трет пат интернационалните изданија на познатиот магазин да ја заобиколуваат уредувачката политика.
Во 2012 Вог постави стандарди под името „Здрава иницијатива“, а кои се однесуваа на глобалната модна индустрија, од Израел до САД. Според нив, беше востановена одредена старосна граница на моделите што ќе се појават во магазинот.
Само два месеци по усвојувањето на оваа политика, во августовскиот број на кинескиот Вог се најде 15 – годишната Ондрина Хардин.
Веќе следниот месец во италијанскиот Вог се појави и манекенката Сара Киз (15), а четвртото „кршење“ на стандардите се случи кога во јапонското издание на магазинот требаше да се појави Тејрин Гарсија (14), но објавувањето на бројот се откажа.
Кога магазинот погреши со објавувањето на 15 – годишната Ондрина Хардин на насловната, вети дека слични грешки нема да се случат.