Vogue Italia им го посвети јануарскиот број на животните

12 јануари 2021

Насловната страна на јануарскиот број на италијанскиот Vogue ја краси убавината на животинскиот свет. Според Емануеле Фарнети, уредникот на италијанската модна библија, исто како и минатата година, Vogue Italia решава да го посвети јануарското издание на животната средина, а годинава во фокус ги става животните. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue Italia (@vogueitalia)

Фокусирањето на природата и убавината на животните е големо освежување по месеци минати дома. Преку едиторијалите ширум списанието во кои главните ѕвезди пред објективот се токму животните, Vogue Italia се обидува да го врати вниманието на јавноста кон опасноста во која е ставена животната средина, а која беше занемарена изминатава година благодарение на пандемијата. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue Italia (@vogueitalia)

„Лекцијата од годината која мина е многу едноставна: Светот не се врти само околу човекот. Животните не постојат за наша корист. Модната како и секоја останата економска сфера, треба да се запраша до каде се границите на експлоатација на природните ресурси и какви очекувања треба да имаме од технолошкиот прогрес,“ велат од Vogue Italia. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue Italia (@vogueitalia)

Објавено:
12 јануари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
119 пати