Вознемирувачко видео: Убиваат крокодили за Биркин чанти!

30 јули 2015

Една од дамите кои дефинитивно на модата ѝ дадоа нова димензија, Џејн Биркин, сака нејзиното име повеќе да не се користи за познатите чанти на Ермес, поради страшното видео што неодамна се појави по социјалните мрежи.

Имено, на истото се гледа како се убиваат алигатори за да се направат чантите Биркин што го носат нејзиното име.

Во видеото, човекот што работи во фабриката каде алигаторите се убивани, на луѓето од ПЕТА им раскажува каков е процесот на подготовка на кожата од алигаторите за само една Биркин чанта на Ермес.

Откако видеото се појави на официјалниот сајт на ПЕТА и направи вистински бум по социјалните мрежи, се огласи и самата Биркин која веднаш побара нејзиното име повеќе да не се поврзува со чантите.

Реакција имаше и од тимот на Ермес од каде посочија дека истрагата за она што се случува во фабриката е во тек и дека и тие самите биле шокирани од видеото и фотографиите што се појавиле на Интернет.

„Нејзините коментари воопшто не влијаат на пријателството и самодовербата што ја имаме меѓусебно години наназад. Тимот на Ермес одговорно тврди дека фабриката во Тексас не е во нивна сопственост и дека не се користат алигатори од таму за изработка на чантите. Сето тоа ќе го покаже и истрагата“, соопштија од модната куќа.

Имено, Биркин чантата е една од најпознатите и најомилените чанти во светот години наназад. Еден просечен модел на Биркин чанта чини вртоглави 37.000 евра, а нивната цена за специјално изработени чанти по нарачка, може да достигне и до над 100.000 евра.

Една чанта вообичаено се прави од кожа на дури три алигатори, кои се убивани од работници кои речиси и да не носат никаква заштитна опрема и многу често завршуваат со повреди.

Погледнете го и видеото што ПЕТА неодамна го објави, на кое јасно се гледа како се убивани животни за изработка на производи за луксузни брендови, меѓу кои и Ермес.

Видеото е со вознемирувачка содржина

Објавено:
30 јули 2015
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.882 пати