Време е за патиките на Версаче Версус и Суперга

13 јуни 2014

Овој месец е дефинитивно период на соработки помеѓу модни куќи и дизајнерски брендови. Потврда за тоа е најновата соработка на Версаче Версус со брендот на Суперга. Станува збор за лансирање на нова колекција патики со колоритен дизајн и контрастна игра на живи бои. Ова е специјална едиција и ќе биде достапна кон крајот на овој месец во сите продавници на Версаче Версус и Суперга, како и на официјалните веб сајтови, за сите љубители на онлајн шопингот.

Објавено:
13 јуни 2014
Категорија: 
Актуел