Второ место за Македонија на „Мис Балкан 2017“

27 јуни 2017

Минатиот викенд се одржа изборот за „Мис Балкан 2017", на кој македонската претставничка Андријана Илиоска го освои второто место, односно титулата „Прва придружничка".

Победничка на изборот е Дениса Ходисан од Романија, додека србинката Милица Ралевиќ ја освои титулата „Втора придружничка".

На овој избор Македонија имаше уште една претставничка, Наталија Андонова која ја освои титулата „Мис публика".

Двете наши девојки се членки на модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за овој избор за убавина што е во организација на белградската агенција „Miss", а е со традиција од 14 години.

Објавено:
27 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
198 пати