За Мајкл Корс празниците започнаа

7 октомври 2016

Дизајнерот Мајкл Корс не застанува. Неодамна презентираше две колекции – ресотр за 2017 и празничната кампања, заедно со Марио Тестино.

-Оваа колекција е посветена на градот и плажата, со комбинации кои се гламурозни, но се базираат на едноставноста на маиците. Неколку фотографии беа објавени во јуни, а возбуден сум што клиентите имаат можност да видат нешто свежо и ново – ќе рече дизајнерот за најновата Ресорт колекција.

А кога е другата кампања во прашање, Корс со неговиот тим и Тејлор Хил и Еми Рејп се упатија во Лас Вегас. Во празничната сезона носете димензионирани бунди и капути, мрежести фустани, транспаретни кошули и парчиња од свила. Нијансите на црвена и црна доминираат, а посебен акцент е ставен на модните додатоци.

Погледнете ја:

Објавено:
7 октомври 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
671 пати
Извор: 
fashionweekdaily.com