За менталното здравје, Лејди Ди и алкохолизмот: Принцот Хари во документарниот филм со Опра

21 мај 2021

Првенчето на принцот Хари како Холивудски продуцент е документарен филм за менталното здравје кој војводата од Сасекс го изработи со водителката Опра Винфри. Филмот премиерно беше прикажан вчера, а во него, принцот зборува на повеќе теми поврзани со неговото минато, со мајка му, сопругата Меган, психотерапијата која му помага..

Принцот посетува терапевт веќе 4 години, а се соочува со анксиозноста од својата 12 годишна возраст кога почина принцезата Дијана. Изјави дека по нејзината смрт решил да се повлече од кралскиот живот, а во 30-те бил многу под влијание на алкохол и лекарства. 

Принцот ги обвинува членовите на своето семејство за потиснување на емоциите кога имал потреба од разговор, а истото се случило и кога Меган минувала низ тежок период и помислувала на самоубиство. Кралското семејство одбивало да помогне и инсистирале тоа да се чува во тајност. Според Хари, нивната несериозност кон менталното здравје на двајцата е една од главните причини за заминување на двојката во САД. Хари откри дека Меган била многу силна бидејќи не сакала Хари да изгуби две жени во својот живот. 

,,Мојата мајка беше протерана кон смрт бидејќи беше во врска со човек кој не е бел. А денес погледнете што се случува. Тоа се истите луѓе, истиот бизнис модел, истата индустрија. Нема да запрат додека таа не умре."

The Me You Can't See е насловот на документарниот филм и е составен од 5 дела, а покрај Хари ќе се појават и Глен Клоуз и Лејди Гага, како и 14 експерти за ментално здравје.

Објавено:
21 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
526 пати