За овој фустан на Манго има листа на чекање

21 јуни 2019

На годинашната Мег гала која се одржува традиционално во првиот понеделник во мај во Њујорк, аргетинската инфлуенсерка Софија Санчез де Бетак се појави во фустан на „Манго“. 

фото извор: glamour.com;

Тоа предизвика големо внимание бидејќи за првпат некој носи креација на hight street бренд на така гламурозно случување. 

Се работи за креација со карнери во од портокалова нијансирана ткаенина, која потсетува токму на манго.

Популарноста на овој фустан придонесе за популарноста и на новата колекција на брендот. Имено, во продавниците на „Манго“ во Британија постои листа на чекање на фустан од истиот материјал, само со поинаков крој.

 Фустанот е во А-форма, со врвки на околувратникот. Лесен, весел и како создаден за летните денови, истиот бил распродаден за 48 часа, а потоа и е формирана листата на чекање.

И во Хрватска бил распродаден, па по барање на купувачите е вратен во продажба.

Креацијата е достапна од неодамна и во Македонија, а повеќе можете да се информирате на линкот ТУКА.

 

Објавено:
21 јуни 2019
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.076 пати