За првпат ќе можеме сите да присуствуваме на ревии од Висока мода

6 јули 2020

Од денес па до осми јули, се одржува Неделата на Висока мода во Париз. Согласно ситуацијата во светот, оваа модна недела за првпат се одржува дигитално, што значи дека сега конечно ќе можеме сите да присуствуваме на шоу-а каде се претставува модната уметност.

Денешниот ден го отвори модната куќа „Скијапарели“, а за 14.30 часот е закажана и ревијата на „Диор“. Сите ревии онлајн можат да се следат на официјалните јутјуб канали на модните куќи, како и на каналот „Висока мода“ (дел online haute couture).

Во наредните два дена ќе можат да се погледат ревиите на „Валентино“, „Џамбатиста Вали“, Џорџ Хобеика, „Шанел“, Ели Сааб и други.

Целиот распоред е во продолжение:

Понеделник, 6 јули
10:00 Schiaparelli

11:00 Ulyana Seergenko

12:00 Iris Van Herpen

13:00 Maurizio Galante

2.30 pm Christian Dior

16:00 Maison Rabih Kayrouz

17:00 Ralph & Russo

17:30 Azzaro Couture

18:00 Antonio Grimaldi

6:30 pm Xuan

19:30 Giambattista Valli

20:30 Georges Hobeika

Вторник, 7 јули
12:00 Chanel

13:30 Alexis Mabille

14:00 Aganovich

14:30 Stéphane Rolland

3:00 pm Yuima Nakazato

15:30 Julien Fournié

16:30 Alexandre Vauthier

17:00 Aelis

5:30 pm Rahul Mishra

18:00 Ronald Van Der Kemp

19:30 Imane Ayissi

Среда, 8 јули
10:00 Maison Margiela

11:00 Franck Sorbier

11:30 am Guo Pei

12:30 Elie Saab

13:30 Bouchra Jarrar

14:00 Christophe Josse

3:00 pm Adeline André

16:00 Viktor & Rolf

17:00 Julien De Libran

18:00 Valentinе

Инаку, деновиве посебно се зборува за ревијата на модната куќа „Балман“. Tаа се одржa вчера на мостот на реката Сена, според замислата на Оливие Рустенг, кој секогаш гледа да се надмине со својата креативност.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by BALMAIN (@balmain) onJul 5, 2020 at 3:25pm PDT

Колекцијата беше презентирана во два дела. За да не биде едноставно видео или лукбук, дизајнерот се одлучи да ја претстави колекцијата „на вода“, со цел да го означи крајот на еден период, односно да пренесе порака дека животот повторно се враќа. Колекцијата е подготвувана во период на изолација и преку консултации преку платформата „Зум“.

Оваа колекција е посебна, бидејќи со неа ќе се одбележи и 75 години постоење на модната куќа. За таа цел, Рустенг подготви шоу кое вклучуваше машки и женски модели, инспирирани од архивата на Пјер Балман и уметничките директори низ годините. Шоуто, кое вклучуваше и перформанс во живо, беше во соработка со уметничкиот директор на Бијонсе, Ендру Макадски.

Комплетното видео и фотографии се' уште не се достапни за јавноста, а со фотографијата погоре Рустенг им се заблагодари на сите на поддршката и порача како Париз е посилен од било кога.

Објавено:
6 јули 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
200 пати