За второто бебе на Хари и Меган и австралискиот магазин кој тотално го утна денот

16 февруари 2021

На Денот на вљубените, Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл со црно-бела фотографија на Инстаграм објавија дека ќе станат родители по втор пат. И додека светот се радуваше на оваа нивна вест, која решија да ја споделат на истиот ден на кој Принцезата Дијана објави во 1981 година дека го носи Принцот Хари, еден австралиски магазин целосно го утна тајмингот.

Магазинот New Idea неколку часа пред објавата на Инстаграм го пушти вопродажба својот најнов број објавувајќи ја конечната разделба на Војводата од Сасекс  и неговата сопруга. На насловната страна на списанието е ставена слика од свадбата на Меган и Хари од 2018, а на среде фотографијата пишува "Готово е!" Во самата статија е наведено дека помеѓу парот имало многу расправии и разделби и дека се бара од двојката да се откажат од титулите.

Меган и Хари се повлекоа од Бакингемската палата во 2020 година и се прселија во САД, задржувајќи ги титулите. Од Бакингемската палата беа воодушевени за новото бебенце, особено откако Меган неодамна изјави дека имала спонтан абортус минатата година. 

Новороденчето на Хари и Меган ќе биде осмиот престолонаследник. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by People Magazine (@people)

Истото ова списание кое ја објави наводната разделба на парот, во 2008 го објави податокот дека принцот Хари е во служба на британската војска во Авганистан, иако таа вест не требаше да излезе во јавноста. За лошата проценка тогаш, од редакцијата јавно се извинија, но се уште не го сториле тоа за ова недоразбирање на Денот на вљубените. 

Меган и Хари изјавија дека многу набргу може да очекуваме и ексклузивно интервју со Опра Винфри во кое отворено ќе зборуваат за сите случувања овие неколку години.

Објавено:
16 февруари 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.442 пати
Тагови: 
Меган Хари New Idea