Забава без крај од првиот роденден на Омајгад

15 септември 2014

Како најавивме така и се случи. Графичкиот дизајнер и основач на линијата Омајгад, Гоце Велески во друштво на пријателите, медиумите и своите почитувачи, прослави една година од постоењето на креативната линија маички со кирилични слогани.

Изминатата сабота беше резервирана за  целодневната забава во кафе-барот Љубов, каде Гоце симболично ги изложи сите досегашни идеи и не потсети на сè она што го изработи во текот на изминатите 12 месеци.

Речиси сите присутни ја носеа кирилицата на градот и се забавуваа со звуците од ДЈ Васо и ДЈ Гејм Овер.

 

Велески им се заблагодари на сите присутни  и секако вети нова плејада на своите интересни и забавни маички. Во продолжение гледате дел од атмосферата на 13 часовната журка.

 

 

Објавено:
15 септември 2014
Категорија: 
Актуел