Зад сцената: Како се создаваа костимите на Бијонсе од турнејата

21 јули 2016

За турнејата на Бијонсе насловена „Formation“ многу се зборуваше. За настапите, реакциите, а уште повеќе за костимите.

Пејачката се одлучи да открие како се создала фамозната концертна облека преку видео од зад сцената.

Визуалниот албум „Lemonade“ е непосредната инспирација. Можеби во видеото за актуелното музичко издание нема многу комбинации, но се внимателно одбрани, а главната идеја е она што Бијонсе го нарекува „викторијанска улична мода“.

Деталите од тантела, карнери, високите околувратници се совршено вклопени во целата костимографија за која била задолжена Марни Сенофонте.

Сите дизајнери што учествувале во нивното создавање, претходно испратиле скици, по што пејачката одлучувала што ќе оди, а што треба да се смени.

Дел од скиците се за корсетот од брендот Dsquared2, потоа чорапите од тантела на „Балман“, парчњата од латекс на „Ацуко Кудо“.

 Впечатливите шешири не се произведуваат никаде во светот. Направени се специјално за турнејата, а за таа потреба имплементирани се делови од различни типови сомбреро шешири, купени во Мексико.

 

 

Објавено:
21 јули 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
835 пати