Започна гласањето за Сајт на годината 2016

28 ноември 2016

Почитувани читатели и пријатели, модниот портал Fashionel.mk и оваа година е дел од изборот за „Сајт на годината“.

Сите вие што ги сакате нашите содржини и работа, можете да го дадете својот глас сè до 9-ти декември, кога официјално завршува гласањето. Прогласувањето на најдобрите е закажано за 14-ти декември.

Fashionel.mk е номиниран во пет категории и тоа за:

 

-Најдобар сајт на годината

-Сајт со најдобар дизајн

-Најдобар мобилен сајт

-Најдобар сајт за убавина и мода и

-Сајт со најдобра фејсбук страницата

Модната куќа „Елена Лука“, со можноста за онлајн купување е номинирана во категориите за Најдобар сајт за е-трговија, како и категоријата за Нјадобар бизнис/корпоративен сајт, во која е номиниран и сајтот на „Elena Luka Home“.

 

Секој интернет посетител може да распредели 3 гласа во секоја категорија и тоа 10, 6 и 2 поени. Она што треба да го направите е на линкот ОВДЕ да се пријавите со вашата е-пошта. Откако ќе го сторите тоа, на истата ќе пристигне линк за гласање, на кој за конкретните категории можете да ги распределите гласовите.

Од една е-пошта може да се гласа само еднаш.

На крај од гласањето, Ссодносот на финалните гласови е 60% на жири комисијата и 40% на гласовите од интернет посетителите.

Инаку, Mанифестацијата "Сајт на годината" во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk и оваа година се одржува по седми пат оваа година.

Објавено:
28 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
207 пати