Започна сезоната на забави, а ова се парчињата во кои нема да останете незабележани

25 ноември 2022

Сезоната на забави и прослави започнува, а тоа подразбира подновување на вашата гардероба со впечатливи парчиња кои нема да ве остават незабележани во просторијата. Оваа сезона, особено популарни се светкавите модни парчиња кои се совршен озбор за празничниот период кој следува.

Фото: journal.h

Но, покрај светкавите парчиња, претстојната сезона на прослави ќе биде во знакот на сината боја. Оваа боја е класика која никогаш не излегува од мода, а особено привлечна е онаа интензивна нијанса на кралски сино со која не е возможно да погрешите. Оваа нијанса му додава класичност, сериозност и елеганција на секој аутфит.

Фото: journal.h

Сината боја можете да ја вклопите во вашиот гардеробер преку модни парчиња како фустан, комбинезон или костим, или само како моден додаток, како чевли или чанта. Тоа е одличен избор за специјални пригоди или како секојдневна комбинација, особено кога сакате да се чувствувате женствено и елегантно. Одлично оди со неутрални нијанси, а во комбинација со фустани, блузи, палта и панталони изгледа навистина неодоливо.

Фото: journal.h

Покрај фустаните, оваа зима ќе ја поминеме и во трикотажа која важи за главен сојузник на зимата. Трикотажата е удобна и топла, обемна и како таква идеална за спојување на повеќеслојни комбинации во кои ќе бидете стилски и во исто време ќе се чувствувате удобно. Што се однесува до материјалите за зима, кашмирот дефинитивно е на врвот на листата. Парчињата од кашмир се удобни, квалитетни, сакаме да ги носиме и лесно се комбинираат.

Погледнете ги следниве примери и инспирирајте се околу вашата гардероба забавна гардероба за оваа сезона.

Фото: journal.h

Објавено:
25 ноември 2022
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
1.870 пати