Започна снимањето на втората сезона од Emily in Paris

8 мај 2021

Емили се враќа во Париз! Младата Американка Емили, девојката чиј гардеробер со задоволство би го прочепкале, се враќа повторно во Париз, подготвена за нови предизвици, нови интриги, нови врвови за освојување.

Снимањето започна во понеделникот, кога Лили Колинс пристигна во Франција, а уште отсега може да се забележи дека, што се однесува до модата, серијата ќе биде повторно хит.

Покрај Колинс, во новата сезона ќе се појават и Лукас Браво во улогата на Габриел и поранешната шефица на Емили, Силви, како и Минди.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Emily In Paris (@emilyinparis)

Режисерот Дерен Стар не откри многу за новата сезона, освен тоа дека Емили ќе биде повеќе вклучена во случувањата во градот и заедницата. 

Во втората сезона се очекува да се развиваат и приказните на другите споредни ликови, а во една пригода, Лили Колинс изјави дека би било супер да се појави и Кери. Да, Бредшо! Зарем тоа не би било фантастично?!

Објавено:
8 мај 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
434 пати