Започнаа деновите на камерен театар “Ристо Шишков” во Струмица

9 септември 2013

Реномирани имиња од театарската елита, гости од културниот, општествениот и политичкиот живот, како и членови на семејството на бардот на македонското актерско творештво, беа присутни на вчерашното отварање на 21-от по ред Фестивал на камерен театар “Ристо Шишков” во Струмица.

Програмата која предвидува прикажување на 18 претстави распределени во шест фестивалски денови, започна со “Хеда Габлер” во изведба на битолскиот народен театар.

Преполната сала, пристојно стокмената струмичка публика и квалитетната програма и оваа година ветуваат успешни фестивалски денови кои ќе бидат заокружени со одликување за високо актерско достигнување и доделување на медалјон со ликот на Ристо Шишков за најуспешниот актер за оваа година.

Минатогодишен лауреат беше актерот Никола Ристановски.

 

Објавено:
9 септември 2013
Категорија: 
Актуел