Новата сезона ја започнуваме во богат колорит, женствен изглед и елегантна комбинација.
Токму таков стилски спој направи нашата модна блогерка Ангела Ѓоргиева, која за старт на есента избра тренди парчиња од актуелната колекција на Елена Лука.
Совршен бел кошула-фустан е безвременска класика што задолжително треба да го поседува секоја дама во својот плакар, затоа што буквално може да го комбинирате во секоја прилика.
Овој модел на кошула-фустан освен во бела варијанта, застапен е во понудата на Елена Лука и во црна, нежно розова и нежно сина боја.
Ангела го комбинираше со впечатлив мантил со принт во комбинација на портокалови нијанси, што му дава екстравагантна модна нота на целиот изглед.
Парчињата се достапни во продажба во ателјеата на Елена Лука и на онлајн продавницата на брендот.
View this post on Instagram