Запознајте ја Ана Ватерман – „plus size“ модел од модната агенција Моделс Ин

29 јуни 2017

Тренд во модната индустрија во однос на изборот на модели е автентичноста. И покрај добро познатите стандарди што им се поставуваат на моделите и кои како услов треба да ги исполнат за полесно да добија работа, сепак новото време наметнува поинакви принципи. Затоа се повеќе модни агенции се во потрага по модели кои се издвојуваат од мнозинството и се уникатни.

Затоа приказната за Ана Вaтерман е неверојатно фасцинантна. Иако потекнува од фамилија на балерини, нејзиниот пат ја носи уште пред 18 години во Лондон каде квалитетно се образува на најпрестижните колеџи и се вработува како супервизор (Business office supervisor ). Сосема случајно како што бива во урбаните средини, ја забележуваат модни агенти и сакаат да ја ангажираат во модниот свет како „plus size" модел. Ватерман бидејќи за прв пат се сретнува со светот на моделингот, дознава дека за успешна кариера сепак мора да има матична агенција. Па така по препорака на фотографот Биљана Ковачевска, Ана станува дел од модната агенција Моделс Ин од Скопје.

Алек Наумовски, еден од првите луѓе на агенцијата, не можеше да го сокрие своето воодушевување при првата нивна средба:

- И после толку долги години поминати во модниот свет, за прв пат се фасцинирав од нечија грациозност и елеганција ... Слободно можам да си дадам за право да ја споредам со Моника Белучи. Во нашата земја многу малку се знае и има побарувања за „plus size" моделите, додека во западните земји е незамисливо професионална агенција без овој тип на модели. Ана Ватерман е дeфинитивно „plus size" модел за кого би завојувале модните агенции, па јас сум особено горд што е дел од нашата агенција, додава Наумовски.

Ана и понатаму останува дел од модната агенција Моделс Плас во Лондон, но Моделс Ии е нејзина матична агенција која ја застапува и на другите интернационални пазари. „Plus size" моделите допрва имаат што да кажат во моделингот. Како најекспониран представник се уште е Ешли Грејем (Ashley Graham), но Ана е можеби првиот професионален модел кој потекнува од нашите простори.

Објавено:
29 јуни 2017
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
2.662 пати