Заштита од Ковид -19 или само имиџ: Ана Винтур и во изолација носи очила за сонце

24 март 2020

Магазинот „Вог“ неодамна на својот Инстаграм профил ја пренесе пораката на уредничката Ана Винтур, во која таа порачува дека сите треба да останеме дома и да бидеме одговорни, бидејќи така може да најдобро да придонесеме и за себе и за другите.

Освен пораката, сите забележаа дека фотографијата на Винтур од нејзиниот дом е со очила за сонце. Да, уредничката е позната токму по овој моден додаток, но сепак, на јавноста ѝ е многу добро познато како таа изгледа и без нив.

Ова го поттикна весникот „Хафингтон пост“ да праша стручно лице, дали очилата помагаат во заштитата против Ковид-19.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine) onMar 20, 2020 at 9:35am PDT

 

„Очилата овозможуваат бариера, заштита од прскање односно капки, така што теоретски можат да ве заштитат од изложеност на Ковид -19. Мембраните, вклучувајќи го и делот околу очите, се најчест, највообичаен начин коронавирусот да навлезе во телото“, вели Луси Вилсон, професорка во одделот за итни здравствени услуги на Универзитетот Мериленд.

И на здравствените работници им е препорачано да носат заштитни очила, кога има потенцијална опасност од инфицирање со вирусот.

Постои уште една предност од носењето очила - да ве оттргнат од допирањето на лицето.

„Носењето очила може да им помогне на луѓето да не го допираат лицето, но посебно очите. Но, од друга страна, доколку не сте носеле очила досега, прилагодувањето може кај некого да ја зголеми „потребата“ од допирање лице. Но, и при носење очила, важно е да се одржуваат чисти, сапунот и водата се најдобар начин на чистење кој можете да го употребите. А после тоа секако измијте ги и рацете“, вели Вилсон, додавајќи дека и очилата за сонце треба да го имаат истиот ефект како и оние со диоптрија.

Така што, имиџот на Ана Винтур сега навистина добива и функција на заштита.

Објавено:
24 март 2020
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
389 пати